Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи францускиот предлог

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи го францускиот предлог и изјавите на премиерот Димитар Ковачевски и министерот Бујар Османи дека се уште немаат увид во истиот, рече дека според неговите информации истиот е усогласен со македонското МНР, додавајќи дека нема да си дозволи француската влада и Макрон да пратат предлог и тој претходно да не го усогласат со некакви канали за комуникација.
– Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој? Ајде да зборуваме за португалскиот предлог, што нашата влада го прифати, нели велеа го прифаќаме. Ајде да зборуваме за се што било порано. Зошто сега сето ова не чинело за Радев, и наеднаш ова е добар предлог, најдобар. Сега ние треба како сериозни луѓе да си го ставиме прстот на чело и да размислиме што правиме и каде одиме? И дали треба воопшто треба да размислуваме и да губиме време или треба одма да го отфрлиме. Затоа што секој ден тактизирање на Владата значи дека овој предлог е следната преговарачка позиција и одиме нагоре што се однесува до бугарските барања. Ова не е одговорно од Владата што молчи, рече Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата „Анализа“ на Телевизија 24.
Според Мицкоски, францускиот предлог не е добар за иднината и народот на државата.
– Јас велам дека тоа не е добро за мене, иднината на оваа држава и за мојот народ. Тоа е мојот став, нагласи Мицкоски.
Ново на Сител
-

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами
-

Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?
-

Откажани преговорите меѓу САД и Иран во Швајцарија
-

Јавна расправа по Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри
-

ЕУ едногласно ја потврди поддршката за Украина и ги продолжи санкциите против Русија
-

Речиси сите патници од крузерот зафатен со хантавирус пуштени од карантин во Холандија
-

Одземено „Порше“ – приведен возач од Србија кој управувал со 188 километри на час
-

Сончево и топло, попладнe можен краткотраен пороен дожд
