Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи иницијативата на Левица за референдум
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи иницијативата на Левица за референдум, рече денеска партискиот лидер Христијан Мицкоски.
Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на општина Штип заедно со градоначалникот Иван Јорданов, Мицкоски уште еднаш повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи било каква промена Уставот.
-Дадовме една иницијатива, знаете на каков начин беше одбиена од страна на Талат Џафери. Секоја иницијатива која е во насока на тоа што го бараме, ќе ја поддржиме, незвисно од која група граѓани доаѓа, дали таа група ќе ја формира политичка партија или не, ако темата се однесува на тоа што ние го бараме, рече Мицкоски.
Според него, ако се влезе во вртлогот на иницијативи, тогаш ќе се испушти суштината.
-Суштината е како да го спречиме асимилаторскиот договор да нанесе штета на идентитетот на македонскиот народ и вратата на која се отвара можноста за асимилација е токму промената на Уставот. Партеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи било каква промена на Уставот, тоа треба да сте сигурни и сега кога е во опозиција, но и наскоро кога ќе ја формира идната Влада. Следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне повторно на маса со Владата во Софија и да ги репреговара овие околности кои цениме дека се асимилаторски и се кочница за патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ, а не помагаат, да постигнеме вистински добрососедски договор кој навистина ќе ги подобри односите кои сега се на катастрофално ниско ниво меѓу двата народа и двете држави, истакна Мицкоски.
Ново на Сител
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
