Мицкоски: Власта да не го блокира заемот од Светска банка за општините
Моментално комисиите и стручните тела на ВМРО-ДФПМНЕ работат заедно со политичките партии кои се дел од коалицијата и многу скоро од денеска ќе излеземе со амандмани за ребалансот на Буџетот кои ќе бидат доставени во Парламентот. Дел од тие амандмани ќе бидат произлезени од народот и потребата на народот како подобра инфраструктура, паркови, спортски игралишта, канализација, водовод и подобри услови за живот за граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Гази Баба.
Мицкоски потенцираше дека очекува власта да покаже зрелост и да ги поддржи амандманите кои ќе ги предложи ВМРО-ДПМНЕ и со истите да не се однесува неодговорно како што во моментов го кочи заемот од Светска банка за поддршка на општините во Македонија.
Очекувам од страна на владата одговорност и зрелост да ги поддржи тие амандмани, нешто што не е во случајот актуелно со заемот од Светска банка од 63 милиони евра кој го почнале уште во февруари 2021 мислејќи дека ќе победат градоначалниците на СДСМ на локални. И така секоја општина добива одредена сума на пари од Светска банка, потребни за подобрување на инфраструктурата. СДСМ доживеа дебакл на изборите и го кочи овој заем. Помина на комисија и сега Талат не ја става на пленарна седница, изјави Мицкоски.
Мицкоски посочи дека со тој заем Гази Баба треба да добие отприлика милион евра и ако сега се вложени рекордни 50 милиони во асфалтирања на улици, ќе има нови 60 милиони денари за нови улици, канализација, водовод.
– Но, тоа не доаѓа на дневен ред, наместо тоа има лиценца за втора лотарија. Тоа што е потреба на граѓаните, не доаѓа на дневен ред, приоритет има се поединци. Ги повикуваме и Талат и останатите да се надминат и да ја стават точката на дневен ред за луѓето да можат да добијат нови улици и тие во Гази Баба и Струга, Струмица и другите општини. Нека се покажат станува збор за 63 милиони евра кои ќе го подобрат животот на граѓаните, потенцираше Мицкоски.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
