Мицкоски: Власта час поскоро нека се соземе, нека прифати пораз и да имаме брзи парламентарни избори
Не знам кога, но знам сигурно дека Владата ќе замине, порача денеска на прес-конференција Христијан Мицкоски.
-Народот ќе одлучи кога, на предвремени парламентарни избори кои што треба да се случат час поскоро. Доколку не се случат такви предвремени парламентарни избори тогаш дополнително ќе мораме да го оцениме однесувањето на СДСМ и ДУИ како неодговорно кон граѓаните и државата. Јас апелирам час поскоро да се соземат, да разберат дека се поразени и заедно да организираме брзи предвремени избори и да дојде народна влада која што ќе биде избрана од народот на Македонија и ќе работи за нивните интереси, вистинска професионална влада, рече Мицкоски.
Во врска со собраниската седница на која требаше да се гласа доверба на Влада, Мицкоски рече дека се срами од тоа што се случило тој ден.
-Јас се срамам што такви луѓе опстојуваат на политичката сцена. Тоа не беше успех. Денес имаме 60 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, 59 на опозицијата и 1 не знам каде. Што не ги пуштија нивните пратеници да гласаат, ќе беше 60 со 59 и пак ќе беше неуспешна интерпелацијата. Тие го засрамија секој граѓанин кој го заокружил нивното име. Буквално 59 пратеници се срам за демократијата. Власта сама себе се бојкотираше, зошто? Затоа што лидерите немаат доверба во своите пратеници, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак