Мицкоски: Владата од 1 јануари до 22 јуни потрошила 287 милиони евра повеќе од тоа што собрала
Колку ги чини граѓаните на Македонија политиката на Зоран Заев: Буџетскиот дефицит (повеќе потрошени пари од собрани) за периодот од 1 јануари 2021 до 22 јуни 2021 изнесува 17,7 милијарди денари или 287 милиони евра. Тоа е нов долг за Македонија и граѓаните.
Во периодот од 1 јануари 2021 до 22 јуни 2021 Владата на Зоран Заев и СДСМ го задолжи секој граѓанин за нови 8.840 денари или за 143 евра.
Од новиот долг што го направи Владата на Зоран Заев и СДСМ во капитални инвестиции потрошени се само една третина од парите. Каде исчезнаа останатите две третини од потрошените пари или околу 190 милиони евра?
За неколку месеци од денес граѓаните одлучуваат дали сакаат да живеат во ова секојдневие на криминал, корупција, банкрот, долгови и безидејност што го нуди СДСМ или нашиот план за иднината, Македонија за сите луѓе.
Ново на Сител
-

Голем дел од интернетот падна: Нов голем проблем со Cloudflare
-

Зголемено ниво на реките, утре локален дожд
-

Откриено најголемото наоѓалиште на диносауруси во светот
-

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
-

Мбапе на четири голови од рекордот на Роналдо
-

ПМФЛ: Со два натпревари денеска почнува завршното коло од есенскиот дел
-

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026
-

Германскиот парламент ја зголемува безбедноста во воените објекти
