Македонија
8. February 2020 - 16:43

Мицкоски ветува повисоки плати и пензии и рамен данок до 8%

Минумум 25 отсто повисокa просечна  плати  и за  20 проценти повисока просечна пензија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски  образложи дел од мерките кои ќе бидат ставени во предизборната програма на партијата. 

Вели  дека една од главните обврски  ќе биде во идина невработеноста да се намали под 10 проценти.  

Мицкоски посочи дека за бизнисот и граѓаните ќе има повеќе пари. Целосно ќе се напушти концептот на прогресивен и ќе се воведе рамен данок до 8 проценти.

Ќе се залага за реализација на 90 проценти од планираните капитални проекти и за  раст  на економијата од минимум  4  отсто. 

Воведување на 0 проценти персонален данок за сите до 29 години, со цел да се обезбедат повеќе поволности за младите за да можат да ја градат својата идина тука, ветуваат од ВМРО - ДПМНЕ.