-->
-->
Мицкоски: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-->
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари работна средба со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, на која беше финализирана конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите, соопшти владината прес-служба,
Со овој проект, како што се подвелекува, повеќе од 300 илјади македонски пензионери ќе добијат повисоки пензии почнувајќи од оваа година.
- Ваквото изборно ветување кое доби своја конечна форма ќе биде разгледано на првата седница на Владата, што ќе се одржи утре. Новата Влада останува посветена на исполнувањето на своите ветувања и продолжува да работи со посветеност за добробит на сите граѓани, се вели во владиното соопштение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор