Мицкоски: Трите даночни закони се дополнителен товар за лојалните граѓани, a не борба со сивата економија
Власта во парламентот сака да ги провне законите за ДДВ, за солидарност и за персонален данок и со тоа да удри по џебот на лојалните граѓани. Тоа не е борба со сивата економија, изјави денеска во Прилеп Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање дали законите кои се во собраниска процедура ќе бидат товар за граѓаните.
- Тие закони кои планира Владата да ги протне во парламентот, „шверцерски“, повторно со злоупотребата на европското знаме, се, практично закони кои имаат за цел тие што и денеска се лојални граѓани и си ги исполнуваат обврските спрема државата, да ги натовари со дополнителни давачки. И законот за персонален данок, и законот за додадена вредност- ДДВ-то, но и законот за солидарност. Не претставува борба со сивата економија, не претставува броба против оние кои и денеска не се лојални и не ги плаќаат давачките спрема буџетот. Туку претставува дополнителен товар на оние кои се лојални. Тоа уште еднаш покажува каква влада имаме, за едни е мајка, за други е маќеа, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош
-
Предизборен карван на СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп
-
Касами со ветувања за нови училишта, Османи за инфраструктура
-
Приведена сопругата на д-р Шаини, напаѓачот е во бегство
-
Тема на денот со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП
-
Д-р Шаини е пуштен на домашно лекување, ДУИ обвинува случајот е обид за атентат
-
Максимални три години затвор за тројцата обвинети за Вардариште
-
Претставници на „Стоп Вардариште“ на средба со институциите во МВР