Мицкоски: Тендер за трет мобилен оператор мора да има

Тендер за нов трет мобилен оператор мора да има, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски според кој, вчера потпишаниот Меморандум за соработка со телекомуникацискиот оператор „4иГ“ е необврзувачки и со него компанијата само пројавува интерес.
Како што изјави Мицкоски, тендерот ќе биде распишан во периодот што следи. Сега, компаниите што се заинтересирани го анализираат пазарот и можеби ќе има и други што ќе потпишат меморандум.
Според премиерот, за Владата е највжаен интересот на граѓаните - поголема конкуренција и пониски цени.
- Тендер мора да има. Меморандумот е необврзувачки со кој компанијата „4иГ“ пројавува интерес дека е заинтересирана да се појави на тој тендер, не може тоа да биде дадено во четири очи. Доколку има и други компании што се заинтересирани и сакаат да потпишат ваков необврзувачки меморандум, тоа ќе биде потпишано, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на доградбата на градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден.
Повторно порача дека завршило времето на договори во четири очи.
- Заврши времето на договори во четири очи како што беа тие во кичевски ТЕК „Осломеј“, битолски РЕК „Битола“. Заврши времето кога голобради момчиња купуваа трговски центри во центарот на Скопје, кога се играше фудбалчиња и баскетче во канцелариите на владата. Сега е време кога треба да се развива Македонија заедно со македонските граѓани и кога треба да владее правото. Тоа е суштината на работа на оваа Влада, нагласи премиерот.
Ново на Сител
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
-

Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
-

Мост „Генерал Михајло Апостолски“ - се ослободува трасата за конечно ставање во функција, напиша Ѓорѓиевски
-

Романски државјанин возел со брзина од 163 км/ч на место каде дозволено 80км/ч
-

Во шатор во Галичник пронајдена разновидна дрога - пет лица приведени
-

Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
