Мицкоски: Таквите како Заев на факултет ги нарекувавме повторувачи
Доста е од Зоран Заев во политиката и се што овој човек донесе на политичката сцена. Доста е од политика која ја сведува во броење на кеш и квадрати, порача Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг пред граѓаните во општина Петровец.
Мицкоски му одговори на Заев дека таквите како него на факултет ги нарекувале повторувачи, односно како што рече затоа што толку им е знаењето, додавајќи дека е Заев е нервозен и му гори под нозе затоа што никој веќе не верува во неговите глупости.
„ Вчера го слушам ми дава на митинг некакви оценки, се расфрла со напишани фрази, прави потези со лактови, до душа го заборави да го каже она „мало сутра“, ама изгледа не му го напишале, па го пропушти, ги омаловажува противниците, бидејќи нема што друго да каже. Но еве само накусо да одговорам, како професор таквите како Заев на факултет ги викавме повторувачи, кои нјачесто ги повторуваа или како што ние популарно тоа го нарекувавме ги квадрираа годините. Зошто толку им беше знаењето, а како политичар морам да признаам нема поголем комплимент од тоа Заев да ти каже дека си за единица, бидејќи доаѓа од човекот кој е во тесна битка со самиот себе во кажување на гафови. Кој досега ни соопшти дека рибата смрди од опашката, кој им се обраќа на сончевите колектори како да му се публика, кој работи за џинџер баланс, и мисли дека е сидро кое што влече напред. Е за таков човек станува збор. Но го разбирам, но не можам да го оправдам. Нервозен е и му гори под нозете. Зошто веќе никој не му верува во глупостите кои ги кажува и прави, потенцираше Мицкоски.
Ново на Сител
-
Калас: Ризикот од ескалација на Блискиот исток е опасно висок
-
Напаѓач преправен во полицаец пукаше во домовите на политичари во Минесота
-
Приведен 67-годишник од Крушево кој управувал возило со 2,09 промили алкохол во крвта
-
Дејвис куп: Македонија загуби од Летонија, но избори пласман во Втора Светска група
-
Папата Лав Четиринаесетти повика на разум и дијалог меѓу Иран и Израел
-
Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади
-
Тајани: Иран не смее да поседува нуклеарно оружје
-
Зеленски: Конфликтот Израел–Иран може да ја намали воената помош за Украина