Мицкоски: Судската одлука за „Талир 2“ е политичка и нема да не поколеба
Имотот не е ВМРО-ДПМНЕ, туку народот, а ваквата политичка одлука на судството на СДСМ и ДУИ нема да не поколеба во нашата борба, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со судската одлука за „Талир 2“.
По средбата со комесатот за проширување на Европската унија, Оливер Вархеј во Охрид, Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања, истакна дека во овие триесет години независност, ВМРО-ДПМНЕ поминало низ многу премрежја.
-Ќе го помине и ова, бидејќи имотот за кој се побара конфискација, не е ВМРО, туку народот е ВМРО и ова партизираното и октроирано судство и обвинителство на СДСМ и ДУИ не го суди ВМРО-ДПМНЕ, туку Македонија и македонскиот народ. Денеска ја добивме првостепената пресуда. Ова партизирано октроирано судство и обвинителство решило да го суди ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа, тоа не го суди ВМРО-ДПМНЕ туку го суди македонскиот народ, ја суди Македонија, рече Мицкоски.
Според него, „уште еднаш се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената пречка за разнебитување на македонскиот идентитет и македонската држава од овие октроирани партизирани судии и обвинители на СДСМ и ДУИ“.
-Ние ќе продолжиме да ја бараме правдата, ќе се бориме, нема да се повлечеме. Ако некој мисли дека ВМРО-ДПМНЕ оваа пресуда ќе го обесхрабри, се лаже. Ова само дополнително ќе не мотивира да дојдеме до правдата и нашата борба да ја ослободиме Македонија од овие криминални политичари, да го ослободиме обвинителството и судството од закани, притисоци и од стегите, ќе продолжи. Ќе повторам уште еднаш, ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО не е имотот, ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО е народот на Македонија и самата Македонија. Продолжуваме да се бориме се додека конечно не ја добиеме правдата, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Приведен 46-годишник, со огнено оружје се заканувал на пријавителот
-
35-годишна жена од Богданци физички нападната од нејзиниот сопруг во угостителски објект
-
Уапсен игумен во Грција додека се обидувал да продаде византиски реликвии за 200.000 евра
-
Алкараз и Синер ги сменија местата на врвот на АТП ранг-листата
-
Активни шест пожари на отворено во државава
-
Со 2,62 промили алкохол во крвта, жител на Дреново возел на регионалниот пат Кавадарци - Возарци и излетал од патот
-
Приведен 37-годишник од Арачиново, возел со 91 километри на час на место каде е дозволено 40
-
Почна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ Виница