Мицкоски со писмо до меѓународните фактори - одложување на пописот во септември, локални избори во ноември

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски напиша писмо до амбасадорите кои го преставуваат меѓународниот фактор во земјава осврнувајќи се на пописот, локалните избори и ковид пандемијата.
Тој во писмото до меѓународниот фактор пишува дека Македонија, како и остатокот од Светот се соочува со нов бран на КОВИД 19. Но во исто време државава се наоѓа на дното во Европа по број на вакцинирани.
-Борбата против тешката епидемиолошка ситуација, во недостаток на вакцини, комбинирано со теренски попис, ќе го стави во сериозен ризик за јавното здравје.Јас не се сомневам во потребата од кредибилен попис, но во овој момент не е време за истиот. Ние мора да сме фокусирани пред се на борбата против здравствените предизвици кои се пред нас. Откако ќе се надмине здравствената криза ние можеме повторно да се насочиме на пописот, стои во писмото.
Тој подвлекува дека проблемот во немањето на консензус во врска со прашањето околу пописот е само во владата на Заев.
-Прашања како пописот, во поларизирано општество како нашето, мора да се решаваат со целосен политички консензус. Немањето на ваков консензус, не донесе до слепа улица, при што единствена солуција која останува е одлагање на пописот.
Во оваа динамична ситуација, каде ситуацијата на терен се менува на дневно ниво, се плашам дека одиме кон уште еден голем предизвик за јавното здравје. Во оваа насока пописот би можел да создаде КОВИД кластери.
Како лидер на опозицијата смета дека има обврска кон граѓаните и дека треба да се најде решение за ситуацијата.
Како дел од решението тој предлага:
- Пописот да биде одложен за септември, тоа ќе остави време за набавка на вакцини и вакцинација на сите попишувачи, со што ќе се минимизира штетата по јавното здравје. Во насока за институциите да можат да се посветат целосно на пописот, предлагам локалните избори да се одржат од 1 до 15 ноември, стои во писмото на Мицкоски.
Тој напоменува дека низ лично искуство најдобро знае низ што поминуваат заразените од Ковид како и информациите за личните трагедии на илјадници семејства што треба да биде аларм за државата суштински да делува.
-Ви пишувам од Клиниката за Инфективни болести, каде што се наоѓам како резултат на тешките симптоми и високата температура која ја имам. Во вакви моменти човек ја гледа драгоценоста на сопственото здравје, кое поради брзиот живот го запоставуваме, стои во писмото.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекувам следната година нивото на инфлација да се движи меѓу 2 и 3 проценти
-

Директорот на Агенцијата за финансиска фатен како зема мито од 400 евра, финалната сума требало да биде 50.000 евра
-

Песков: Пауза во преговорите со Украина
-

Од Зелениково до Скопје со воз за 25 минути, ремонт и на делницата Драчево-Илинден за раст на товарниот сообраќај
-

Кокаин, 488 стебла канабис и цел арсенал оружје пронајден кај 48-годишник од Подмоље
-

Извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на вработените во угостителски објект во Скопје
-

Приведени две лица во Кавадарци, под дејство на алкохол агресивно се однесувале кон полициски службеници
-

Мицкоски: За рекордно време успеавме да ги мобилизираме сите капацитети и започнеме со чистење на Град Скопје
