Мицкоски: Со новиот закон ќе се намали бројот на автомат-клубови за игри на среќа
Со стапување во сила на новиот закон за игри на среќа, кој е во владина процедура, се очекува да се намали бројот на клубови кои приредуваат игри на среќа, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговорот на новинарско прашање денес на настан на Машинскиот факултет во Скопје.
-По неколку месеци работа на Законот за игри на среќа и негово усогласување, тој е готов. Очекувам овој месец да ја помине владината процедура и потоа да влезе во Парламентот. Ќе има многу новини и измени и очекувам со усвојувањето законот, бројот на таквите автомат-клубови природно да биде намален, изјави Мицкоски.
Изјавата на премиерот доаѓа по вчерашната објава на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на неговиот Фејсбук профил во која се наведува дека се забрануваат 173 нови нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа.
Како што појаснија од Министерството, станува збор за нов налог што е добиен од страна на Државната лотарија со нелегални приредувачи на Онлајн игри на среќа и истиот е проследен до АЕК за понатамошно постапување преку телеком операторите.
-Ние како Министерство постојано апелираме до граѓаните коишто имаат финансиски средства на овие страници, навремено да ги повлечат од истите и да не се подведуваат на ваквите лажни и манипулативни провајдери, бидејќи истите важат и за небезбедни, а безбедноста на интернет зависи и од самите корисници, изјавија од Министерството за дигитална трансформација.
Ново на Сител
-
Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка