Мицкоски: Со години сум предмет на најцрна кампања

Со години сум предмет на најцрната кампања на власта, која треба да ја засени вистината која ја зборуваме за тешкиот живот- мојот мотив да ги поразиме е дотолку поголем, затоа што Македонија се губи, а ние немаме втора татковина
Лагата е како топка снег. Колку подолго се тркала, толку поголема станува, но кога ќе застане ќе се растопи.“ – Мартин Лутер Кинг.
Снегот се растопи во рацете на тие кои ги раскажуваат лагите.
Дополнително медиумот на Џабир Дерала и тој самиот е осуден за клевета за лагата првично пласирана од кујните на СДСМ и ДУИ дека наводно сум изградил куќа во Козле. Ниту сум изградил, ниту имам куќа надвор од имотот кој веќе го поседувам. Народот треба да биде свесен дека ваквите лаги се силно потхранувани и ширени и од инсталациите на власта во дел од една лажна опозиција која е на услуга на власта, и тоа лесно се препознава. Тие повеќе зборуваат за ВМРО-ДПМНЕ отколку за суштината и лошото владеење.
Затоа со години сум предмет на најцрната кампања на власта, која треба да ја засени вистината која ја збориме за тешкиот живот. Но количеството на криминал, неправди и тежок живот е толку голем, што ниту една лага не е погласна од тоа. Така и мојот мотив да ги поразиме е дотолку поголем, затоа што Македонија се губи, а ние немаме втора татковина. Промените доаѓаат!
Ново на Сител
-

Избори во Унгарија: Трамп му вети на Орбан огромна помош за да ја развие економијата на Унгарија
-

Ерусалимското платно - порта до светата земја и Христијанството
-

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
