Мицкоски се сретна со претставници на организацијата „Македонија 2025“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претставници на организацијата „Македонија 2025“.
На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, економската состојба и стратешките приоритети кои се клучни напредокот на Република Македонија.
Во текот на средбата Мицкоски посочи дека Владата на Зоран Заев не покажува суштински интерес за отстранување на недостатоците поради кои државава не доби датум за преговори.
Граѓаните се повеќе осиромашуваат поради оваа влада. Постојат 90 илјади блокирани сметки, како и половина милион кои живеат на прагот на сиромаштија. Предизборните покачувања најавени од владата се само нервозен рефлекс откако имаме три години стагнација и неисполнети ветувања, посочи Мицкоски.
На Република Македонија и е потребна нова влада, влада која ќе донесе реални проекти, а не празни ветувања. Влада која ќе се залага за остварување на проекти, а не влада кој има остварено само 2% од ветеното како што е сегашната.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Македонија ќе се залага за отворен пристап и соработка со стопанството.
Мицкоски на крајот од средбата посочи дека време на реформи доаѓа по изборите на 12-ти април, кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат