Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството

„Забележав дека во соопштението јасно стои дека имаат забелешки на процесот, начинот на судењето, нарушување на човековите права и отвораат предмет да го разгледаат тој процес. Ќе ве потсетам дека за вакви случаи ние подолго време зборуваме. Тоа се овие судии на кои им е мала платата, сакаат двојно, тројно поголема. Партиски октроирани и заробени од страна на претходната влада“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски рече дека судијата што го водеше судскиот случај „Тенк“, денеска ги удира пензионерите за линеарното зголемување на пензиите.
„Видете кој го водеше овој случај „Тенк“ и видете каде се наоѓа тој судија денес. И не престанува тој судија денес ги атакува пензионерите за линеарното зголемување на пензиите, сака тоа право да им го одземе, а од друга страна бараат двојно, тројно поголеми пати. А гледате какви пресуди политички октроирани носат. За жал“, истакна Мицкоски и додаде:
„За жал мораме да се срамиме и црвенееме пред Стразбур, поради ваквите малкумина судии кои за жал го контаминираат нашето судство и малкумина обвинители кои за жал го контаминираат нашето обвинителство.“
Премиерот Мицкоски посочи дека во правосудството се потребни суштински реформи, а не зголемување на плата за која како што рече и така е драстично поголема од просечната плата во државата.
„Јас уште еднаш ќе кажам, реформи во делот на судството и обвинителството се апсолутно потреби, но суштински реформи, а не зголемување на платите на овие судии кои што не ја заслужуваат ни оваа плата, која што е драматично поголема од просечната плата во државата. Така што, апсолутно да ја прочитав оваа информација која дојде од Стразбур и само таа е потврда за октроираното судство кое што за жал поединци внатре се заложници на претходната влада на СДСМ и ДУИ“, дециден е Мицкоски.
Ново на Сител
-

Жолто ниво на предупредување од поплави, постои потенцијална опасност од излевање на реките
-

РКЕ следната недела ќе ги утврди тарифите за пренос и дистрибуција на струја, нема да има поскапување
-

Фонд на ПИОМ: Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот
-

Црногорската полиција разби мрежа на проруски платеници, уапсен државјанин на БиХ со 1,5 милион евра
-

Парното греење поскапува 1 декември, сметките повисоки за околу 130 денари
-

УХМР: Зимата 2025/2026 ќе биде малку потопла од просекот, со просечни врнежи и изразени месечни осцилации
-

Мицкоски: Нема да има ценовен шок за домаќинствата, Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата
-

Три лица приведени поради закани кон кавадарчанец и член на неговото семејство
