Македонија
4. April 2026 - 16:44

Мицкоски: СДСМ се однесува како локална организација на бугарска партија

СДСМ дејствува како општинска организација на некоја бугарска партија среде изборите таму и наместо да гледа да им се допадне на македонските граѓани, тие гледаат да се додворат на Бугарите.  Мицкоски со обивнувања за критиките на Филипче дека Владата води анти-еу политика.

Филипче пак, одговара со контра обвинивување – Мицкоски правел нацинално предавство со тоа што не ја користи отворената врата на Унијата.

Филипче пред три дена најави дека со писмо ќе ги известува државите на ЕУ дека Владата системски ги блокирала европските интеграции. Тој тврди дека СДСМ додека била власт го зачувала јазикот и идентитетот, а внесувањето на Бугарите во Уставот го нарече остварување на националните интереси.