Мицкоски: СДСМ нема поддршка за договорот од граѓаните
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани и членови на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Демир Хисар. На средбата Мицкоски говореше за актуелната политичка и економска состојба како и за штетноста на договорот со Грција.
Ни ветуваа живот, донесоа пекол. Откако го донесоа пеколот почнаа да не делат на вакви, онакви. Почнаа да не делат на луѓе кои што биле Европјани и на луѓе кои што биле против Европа и против прогресивните сили. А, позади завесата ја пљачкосуваат и ја уништуваат секоја една педа од татковината, нагласи Мицкоски.
СДСМ нема поддршка за договорот од граѓаните па поради тоа нивните собири се одвиваат на полупразни плоштади. Се носат граѓани со автобуси од други градови со притисоци, уцени и закани, забележа тој.
Мицкоски посочи дека договорот со Грција е најлошото можно решение за Македонија. Со овој документ Заев ја понижува државата, а Македонија го губи името, се менува Уставот, се губи идентитет.
Договорот од Преспа се повикува на еден документ кој што се нарекува Повелба на ОН, основен принцип на таа повелба стои немешање на внатрешните работи на една држава. Ако промена на Устав не е мешање во внатрешните работи, што е тогаш мешање во внатрешни работи? Уште од самиот почеток, во самата преамбула овој договор е контрадикторен самиот по себе, изјави Мицкоски.
Мицкоски потсети дека Зоран Заев не го зачува идентитетот туку и тоа што го имавме досега, а што било дел од личната карта на нашата држава од ОН го изгуби.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина