Мицкоски: СДСМ не ги зголемува пензиите, го враќа моделот на ВМРО-ДПМНЕ кој го укина
Тоа што им го украдоа на пензионерите и за кое што зборувавме уште пред три години, се обидуваат сега да го санираат, претставувајќи го како некој иновативен Швајцарски модел, а тоа е практично законот од пред 2018 година, кој што го укинаа, кога донесоа закон со кој им ги намали пензиите на пензионерите, и сега се обидуваат со некакви трикови да претставуваат Швајацрски модели, во кои нема ништо Швајцарско, можеби само ако останало нешто од скијањето оваа зима на раководството на СДСМ да ги потсетува на Швајцарија. Инаку суштината е дека ова е оној кој што пред да го смени Мила Царовска и Зоран Заев на 21 декември 2018 година важеше, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. др. Христијан Мицкоски во изјава за медиумите на прашање во однос на таканаречениот Швајцарски модел за зголемување на пензиите кој го најавува СДСМ.
Тој дополни дека ВМРО-ДПМНЕ и тогаш зборуваше колкав е грабежот и за колку се оштетени пензионерите со тој закон на власта кој го донеле, и сега зборува.
Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ во собранието поднело вистинска мерка за покачување на стандардот на пензионерите и пензиите, но за жал од оваа криминална власт тоа не беше прифатено, за сега преку некој трикови да се обидуваат да претстават некаков Швајцарски модел, кој што нема ништо Швајцарско во него, единствено ќе продолжат да врват тендерите и криминалот ќе тече.
Тој потцрта дека нема зголемување на пензиите, туку дека се враќа моделот што беше укинат, без да се вратат парите кои им се земени овие три ипол години.
Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Израел со нови воздушни напади врз Иран
-
Авион на „Луфтханза“ на пат кон Индија се вратил во Франкфурт поради закана за бомба
-
ИДФ: Имаме целосна воздушна контрола над Техеран
-
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот
-
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Приведени три лица од Тетово за брзо возење, едниот возел 180 на место каде дозволено е 80
-
Приведен скопјанец, возел со 2,57 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
Санкционирани 154 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар