Мицкоски: Разговараме со сите политички партии, отворени опции и за пред и за постизборни коалиции
ВМРО-ДПМНЕ разговара со сите политички партии и доколку има сврзна точка и најде заеднички интерес кој ќе конвенира со интересот на граѓаните не постои пречка да потпише договор за предизборна коалиција, изјави денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Тој потенцира дека комуницираат со сите партии, прашан дали имаат контакти со ДУИ и дали има некакви условувања. -На нивото на кое комуницирам со ДУИ не постои таков тип на комункација, рече Мицкоски.
-Разговараме со многу политички партии. Апсолутно разговараме и ќе продолжат разговорите со политичките партии. Доколку имаме сврзна точка доколку наједеме заеднички интерес кој ќе конвенира со интересот на граѓаните на Македонија апсолутно не гледам никаква пречка да потпишеме договор и предизборна коалиција, но да оставиме и простор понатаму да ги донивелираме ставовите доколу има некои разединувања во постизборна коалиција после победата на предвремените парламентарни избори, истакна Мицкоски.
Посочи дека се фокусирани на политиките и понудата што ќе ја даде ВМРО-ДПМНЕ и изрази загриженост од лошата ситуација во која се наоѓа државата на економски и политички план и оти ќе се обидат да понудат нешто што на краток рок ќе биде офанзивно и ќе донесе резултати.
За конкретни имиња за техничката влада рече дека се уште не се одлучиле.
За законот за јавно обвинителство, измените во изборниот законик и изборот на државен ревизор рече дека разговорите течат и оти е оптимист дека тие теми може да се затворет пред предвремените парламентарни избори.
Прашан за најавениот протест на земјоделците и обвинувањата дека стојат зад него, Мицкоски кажа дека „ВМРО-ДПМНЕ стои зад интересите на земјоделците и политиките за подобра иднина на земјоделците, а СДСМ и министерот нека обвинуваат, но тие стојат зад погрешните политики што ги доведоа земјоделците на питачки стап“.
Ново на Сител
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси