Бизнис
28. September 2022 - 16:41

Мицкоски презентираше план за енергетската криза - нуди контакти за набавка и производство на двојно поефтини енергенси

План за надминување на енергетската криза понуди лидерот на опозицијата Мицкоски. Ги нуди контактите кои ги има надвор од земјата, кои можат да обезбедат енергенси за да се стават  во функција сите производствени капацитети  во државата  Од која земја и кои контакти, Мицкоски не одговори. Смета дека произвeдената електрична енергија , која ќе биде  наменета за стопанството, ќе биде по најмалку двојно  пониска цена од сегашната

Електричната енрегија ќе ја користи стопанството, а се со цел да спасиме стотици илјади работни места од губење, во периодот кој што следи. А, граѓаните кои што се корисници но и институциите кои што се корисници на централното затоплување во Градот Скопје да не добијат повисоки сметки за парно, изјави Христијан Мицскоки претесдател ан ВМРО ДПМНЕ

Вториот предлoг на Мицкоски се измени во постојниот закон за енергетика, каде ќе побараат сите комунални претпријатија, водовод, сите образовни институции, болници,  да се вратат на регулираниот пазар  и да плаќаат субвенцирана струја од државата. На тој начин, според него, ќе се заштитат граѓаните од поскапувања  на комуналните и водни услуги, а школите од затворање

Зошто велиме за училиштата, затоа што ние не сме децата да =учат онлајн туку да бидат онаму каде што им е местото, во училишните клупи. На тој начин ќе го олесниме животот и на родителите, кои што денеска мака мачат доколку децата повторно учат онлајн наместо во училишни клупи да најдат кој да биде со нив додека го поминуваат времето во домовите, дададе Мицскоски

Предлозите се добри и власта треба да  ги прифати  без разлика што доаѓаат од опозицијата, , смета претседателот на ССК, Ангелоски

Иако грејната сезона се уште не почнала, голем дел од компаниите веќе ставија клуч на врата   поради високите сметки за струја. Како ќе паѓаат темпетатурите, така потрошувачката на електрична енергија ќе расте, со што се стравува од дополнителни затворања на фирмите и отпуштања на вработените.