Мицкоски: Преговараме за изградба на стратешките хидроелектрани Чебрен и Галиште, планираме да се работи со парите од британскиот заем
Премиерот Христијан Мицкоски на одговор за финансискиот плат за чист воздух, посочи дека се обезбедени финансии за проектите на владата, дел како заеми, дел приватни инвестиции и тоа како што нагласи чисто пазарно ориентирани инвестирања. Притоа тој се осврна на стратешкиот проект изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, наведувајќи три главни аспекти за потребата од нив во иднина.
Единствено за кое преговараме од стратешки аспект се изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште, планираме да го работиме со парите од британскиот заем. Инвестицијата е 1,2-1,3 милијарди евра. Силно сум убеден дека не само од аспект на производство на електрична енергија ни се потребни овие две хидроцентрали.
Имајќи ги предвид климатските промени за иднина ќе се потребни овие два нови резервоари за вода, тоа ќе биде голем предизвик во иднина. Убеден сум дека овие два резервоари за вода заедно со постојната Тиквеш, ќе обезбедат дополнителна количина вода за тиквешко поле, 55- 60 илјади хектари прва класа земјоделско земјиште каде има многу земјоделци овоштари, каде се користи организираниот систем за наводнување, а којшто во одредени периоди во годината изостанува со вода па се намалува родот и приносот.
И трето, двете акумулации, имајќи ја предвид околијата на Мариово која што претставува „црна дупка“ и е ненаселена , а имајќи предвид дека овој предел е опкружен со планини, можеме да развиваме и туризам. Тука веќе имаме заинтересирани приватни инвеститори да го опремената со придружни содржини целиот тој простор – образложи Мицкоски.
Ова е стратешки проект, сумираше премиерот на собраниската расправа, којшто нема да заврши во мандатот на оваа влада, ова е проект којшто ќе трае неколку децении, но е проект којшто треба да донесе голема додадена вредност во државава. Парите се обезбедуваат преку евтини заеми како државна инвестиција, а останатото под пазарни услови и директни приватни инвестиции.
Ново на Сител
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
-

Се скарале, па истурил врело кафе врз сопругата - уапсен 52-годишник од гостиварско
