Мицкоски: Пред нас се предвремени парламентарни избори
Пред нас се предвремени парламентарни избори на кои ќе ја бараме довербата на граѓаните и на кои ќе покажеме дека не сме сите исти, иако некои водат кампања дека сите политичари биле исти, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во изјава за медиумите во Битола тој рече дека на 18 јуни ќе одржат протест пред Владата, а потоа и протестно лето се со цел да има предвремени парламентарни избори.
-Премиерот изјави дека се што направиле во овие 4 месеци е повеќе отколку во изминатите 4 години. Изјавата на премиерот не ја чувствуваат граѓаните и се што граѓаните не чувствуваат тогаш кажаното е манипулација и лага. Ако премиерот сака да биде реален треба да каже дека имаме рекордна инфлација, дека сме на дното според странски и домашни инвестиции, дека капитулиравме пред енергетската криза, дека сме во фаза на капитулирање пред економската криза и дека нема перспектива затоа што се разурнати сите национални позиции, а граѓаните живеат тешко и едвај врзуваат крај со крај, од први до први. Тоа е реалноста со која треба да се излезе пред граѓаните, а не да се даваат лажни изјави, истакна Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ги поддржуваат работниците, но не и синдикалниот лидер на ССМ и предочи дека политичката партија ДУИ не треба да организира скапи прослави во време на криза.
-Ние секогаш поддржуваме работнички права и ние сме пријатели на работниците. А, омилениот синдикален лидер на власта прави ситни егзибиции со што го манипулира малото членство што сеуште го поддржува. Ние не го поддржуваме омилениот синдикален лидер на власта, но ги поддржуваме работничките права и работниците имаат пријател во ВМРО ДПМНЕ, истакна Мицкоски и додаде дека партијата ДУИ не треба да организира прослави во време на беспарица. ДУИ, посочи, функционираат како длабока држава и затоа бараме предвремени праламентарни избори за да може таа длабока држава да исчезне и да ја поразиме оваа длабока држава која ДУИ ја има направено во институциите.
На новинарско прашање во врска енергетската криза и ценовниот шок, Мицкоски посочи дека поскапувањето на струјата е неизбежно, а можеше да се спречи.
-Требаше да ги подготват акумулациите да има вода во акумулациите и плански да ги трошат. Требаше да ги подготват ископите на рудниците за да има доволно отктиен јаглен или потенцијал за новооткриен јаглен. Требаше да продолжат со модернизацијата, ремонт на производствените постројки. Така немаше да се спасува ликвидноста на АД ЕСМ. Ние предупредувавме затоа што енергетиката не е купи ден продај, и не служи за дневно политички цели. Во енергетиката се планира за 10 години однапред, истакна Мицкоски и побара ценовниот шок да се спречи со продолжување на мерката која претходно ја предложиле, а тоа е да се има повластена ставка на ДДВ-то до крајот на годината за горивата и за прехранбените производи, односно за сите производи како што беше досега.
За време на престојот во Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше придружуван од неговиот домаќин, градоначалникот Тони Коњановски кој го информира за реконструкцијата на сообраќајниот влез во Битола од страната на Ресен, како и за тековните инфраструктурни проекти што ги реализира општината.
Ново на Сител
-

ЦУК: Од 1 јуни до 31 август регистрирани 1.696 пожари на отворен простор
-

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали
-

Сопругата на Меси: Нашите деца го видоа нивниот татко како никогаш не се откажува и како го крева трофејот на Светското првенство
-

Мицкоски: Обезбедени се бесплатни учебници во сите училишта во државата, Владата инвестира во децата
-

Тошковски: По 30 години во Македонија повторно имаме државно Средно полициско училиште
-

Мицкоски: Не гледам криза во Собранието која би предизвикала предвремени избори
-

39 годишник пронајден починат во дворот на битолската болница
-

КЗК го преиспитува новововедениот режим за користење на зоната „Hug & Fly“ за возила на Меѓународниот аеродром Скопје
