Македонија
28. August 2021 - 13:20

Мицкоски: Посакувам обединување наспроти поделбите и заеднички успех за сите нас и за Македонија

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на сите верници од православна вероисповед им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица.

-На сите верници од православна вероисповед од срце им го честитам големиот празник Успение на Пресвета Богородица. Посакувам здравје, победа на надежта, обединување наспроти поделбите и заеднички успех за сите нас и за Македонија, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.