Мицкоски: Покриеноста на увозот со извоз во 2022 година е најмала во последните осум години
Катастрофалните политики на владата на ДУИ поддржана од СДСМ продолжуваат. Имено, стоковата размена со странство, покриеноста на увозот со извозот во 2022 година е најмала во последните осум години, според државниот завод за статистика. Какви се бројките на покриеноста на увозот со извозот?
2015 година - 70,2%
2016 година - 70,9%
2017 година - 73,4%
2018 година - 76,5%
2019 година - 76,2%
2020 година - 76,1%
2021 година - 71,8%
2022 година - 68,4%
Неспособноста, освен тоа што е главна карактеристика, таа е заразна за оваа влада, надополнета со неизмерен криминал. Имаат две заеднички цели, лично богатење и свесно уништување на институциите на Македонија. Набргу од денес за криминалот и несовесното работење ќе има одговорност. Потребни се избори за да може Македонија да тргне напред.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан