Македонија
12. October 2024 - 16:37

Мицкоски: Платите на наставниците ќе пораснат за 46 проценти за 4 години

Наставниците во основно и средно идниот месец ќе земат 5% повисоки плати. СОНК и Владата се договорија. Ново покачување ќе има и во март, а платите ќе растат секоја година.

По преземањето на власта барањето за повисоки плати во образованието беше меѓу првите кои стигнаа на масата на Премиерот Мицкоски. Првичниот став на владата беше дека буџетот нема пари.

Мицкоски објасни дека со домаќинско работење и зголемена наплата на даноците во последните 3 месеци Владата успеала да најде средства и за платите на наставниците нема да се крати ниту една буџетска ставка.