Мицкоски оствари средби со амбасадорите на Грција и на Кина
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (12.11.2019) оствари средби со Амбасадорот на Република Грција, Димитрис Јанакис, како и со амбасадорот на Народна Република Кина, Жанг Зуо.
Теми на двете средби беа актуелните политички случувања во Република Македонија, предвремените парламентарни избори кои претстојат и предизвиците со кои Македонија се соочува на меѓународен план.
Мицкоски потенцираше дека клучна стратешка определба на Република Македонија останува членството во Европската Унија и во НАТО, и токму затоа веднаш по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе се посвети на исполнување на значајните реформи, но и создавање на силна економија со која државата и граѓаните ќе може да ги достигнат европските стандарди.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека актуелната власт предводена од СДСМ потфрлила на исполнување на клучните реформи, ги наведе заробеното судство, криминалот и високата корупција од страна на функционерите на власта при што ги посочи случаите Рекет 1 и Рекет 2 за кои немаше соодветна истрага а ниту се блиску до правна завршница.
Мицкоски нагласи дека во Република Македонија неопходно е итно враќање на владеење на правото и дека мора конечно да се расчисти со криминалот и корупцијата кои го достигнаа зенитот откако е СДСМ на власт.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите