Македонија
11. November 2021 - 20:39

Мицкоски опериран вечерва: Се чувствувам одлично

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на Фејсбук објави дека имал лесна хируршка интервенција и дека сега се чувствува добро.

– Динамичен ден. Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката… После 45 минути лесна хируршка интервенција, се чувствувам одлично. Огромна благодарност до д-р Џиковски, Срцева, Пеев и останатите. Одиме понатаму, ние сме тоа што тие не се – Обединети за нова иднина на Македонија, стои во фејсбук статусот на Мицкоски.