Мицкоски од Тирана: Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Тирана учествува на Самитот на лидери „Нашиот пат кон ЕУ“. Тој во објава на Фејсбук наведе дека земјава останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка.
- Денеска присуствувам на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“, којшто се одржува во Тирана, Албанија. Нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, како клучни столбови на нашата заедничка визија за просперитетен Западен Балкан, напиша Мицкоски.
Мицкоски додава дека овој значаен собир претставува одлична прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија.
Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на панел дискусијата насловена „Исполнување на заеднички обврски, резултати и забрзување“.
На Самитот во Тирана, покрај лидерите на земјите од Западен Балкан, присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
