Мицкоски од Тирана: Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Тирана учествува на Самитот на лидери „Нашиот пат кон ЕУ“. Тој во објава на Фејсбук наведе дека земјава останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка.
- Денеска присуствувам на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“, којшто се одржува во Тирана, Албанија. Нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, како клучни столбови на нашата заедничка визија за просперитетен Западен Балкан, напиша Мицкоски.
Мицкоски додава дека овој значаен собир претставува одлична прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија.
Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на панел дискусијата насловена „Исполнување на заеднички обврски, резултати и забрзување“.
На Самитот во Тирана, покрај лидерите на земјите од Западен Балкан, присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос.
МИА
Ново на Сител
-

Министерството за култура: Споменот на Владо Јаневски ќе живее преку неговите песни
-

Жештината одзема животи, илјадници без струја - стариот Континент сè уште ,,гори"
-

Влијателните ирански свештеници бараат Техеран да ги прекине преговорите со САД
-

„Златни денови“ Кратово со богата музичка програма на 3 и 4 јули – два дена забава за сите генерации
-

58 санкции за возачи во акциска контрола во Битола
-

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на автопатот Куманово – Велес
-

Почина режисерот Сашо Миленковски
-

СП 2026: Канада прв осминафиналист
