Мицкоски од Брисел: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат
Проширувањето на ЕУ останува клучен двигател на долгорочната безбедност, мирот, стабилноста и просперитетот во Европа – ова е еден од заклучоците на кој се согласиле европските лидери на Самитот на Европската народна партија во Брисел. Новото поглавје во проширувањето на ЕУ бара оживеан консензус од Европа за брза и постепена интеграција на Западен Балкан. Европската Унија не е целосна без регионот на Западен Балкан, стои во дел од изјавата објавена на страната на ЕНП.
За првиот човек на ЕНП, Манфред Вебер, состанокот со сите сестрински партии е потврда за единство.
Активно учество на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на Македонија во европскиот контекст вели премиерот Христијан Мицкоски кој ја претставуваше ВМРО ДПМНЕ, како сестринска партија на ЕНП. Во изјава за јавниот сервис Мицкоски сепак порачува дека секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности.
Иако се очекуваше неформална средба Мицкоски – Борисов, таа не случила бидејќи претседателот на ГЕРБ не се појавил на состанокот во Брисел. Но Мицкоски имал разговор со техничкиот бугарски премиер.
Главчев кој побарал да се намали говорот на омраза. Му порачал дека бугарските позиции нема да се променат.
Решавањето на билатералните спорови се најде и во заедничката декларација по завршување на Самитот ЕУ-Западен Балкан. Во заедничката изјава ЕУ ги повика партнерите од Западен Балкан да ги прифатат клучните европски вредности и принципи и да преземат обврски. Шефот на ЕС Кошта порача дека билатерализацијата не е фер начин во проширувањето.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар