Мицкоски: Обезбедив компанија за пониска цена на гасот, но ЕСМ избра бугарска компанија со двојно поскапа цена
Обезбедена беше компанијата, обезбедена беше и државата, но знаете кој не беше обезбеден, тој што чека провизии. Тука е проблемот. Ако беше обезбеден тој што чека провизии јас ви гарантирам дека таа зделка ќе имаше завршница и затоа се откажа и се договори друга со бугарска компанија која претпоставувам зошто дава двојно повисока цена од таа на берзите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Гевгелија одговарајќи на новинарско прашање за прозивките за набавка на гас од страна на Васко Ковачевски.
- Ја добив таа информација дека тој вели дека преку контактите кои јас ги обезбедив понудата која била доставена била понуда која не биле гарантирани количини. Јас не знам бидејќи не сум бил од тие преговори, но она што го знам е дека таа компанија која јас јка понудивкако една од контактите со која Васко Ковачевски и останатите владини функционери комуницираа, достави понуда со цена која што е пониска и од таа цена која денеска ја купува ЕСМ, истакна Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека тогаш цената на берзите беше два пати повисока од таа која е денеска, дури и на моменти три пати, а цената која ја понуди таа компанија е пониска и од таа која денеска ја купува ЕСМ.
Исто така знам дека гаранција за испораката подразбира и банкарска гаранција од тоа што како аванс требаше да биде исплатено од страна на ЕСМ. Но бргу ќе дојде крајот и на оваа власт и на ова раководство на ЕСМ, а потоа следи одговорност, а граѓаните треба да ги знаат сите детали за уште една криминална набавка која се поврзува со ЕСМ и Васко Ковачевски, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Претрес во Карпош, уапсен 18-годишен дилер
-
ЦУК: Гостите од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило
-
Уапсени две лица кои ограбиле автомобил во Карпош
-
Вонреден инспекциски надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
„Внимавајте“, Народна банка со предупредување до граѓаните
-
Обвинителството изврши увид во Куманово, едно од запалените возила е на јавен обвинител
-
Приведен криумчар на мигранти
-
Опожарени возила и фотокопирница во Куманово