Мицкоски: Нова германска инвестиција во вредност од 65 милиони евра и 700 нови вработувања
Да, веќе утре после напорна двомесечна работа и отстранување на сите оние недостатоци, коишто се акумулирале во месеците наназад, ќе имаме поставување на нов камен темелник на компанија којашто доаѓа од Германија“, најави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Тој информираше дека инвестицијата е отприлика 60 до 65 милиони евра, некаде околу 700 нови вработувања и дека ќе се произведуваат литиумски батерии и додаде:
„Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот, ќе биде намалена разликата односно дефицитот помеѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува бруто домашниот производ“.
„Така што еве да почекаме до утре па македонската јавност ќе биде сведок утре“, соопшти премиерот Мицкоски.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам