Мицкоски: Ние како влада работите ги решавме системски, а не парцијално
Како влада размислуваме за сите општини во државата да направиме пакет, за да може сите општини што имаат потреба од организиран јавен превоз тоа генерално да го решиме, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција, прашан за проблемите со автобускиот превоз во Град Скопје.
Според Мицкоски, ако на Скопје му требаат 250 автобуси, сигурно на другите градови во Македонија им требаат уште 250 автобуси.
-Ние како влада можеме работите да ги решавме системски, а не парцијално. Затоа има јавен повик, за решавање на проблемите. За 75 дена од денот на формирањето на владата, ние за помалку од една година обезбедуваме 21 милијарда денари за општините, во кои се општините во градот Скопје и Град Скопје. Ги повикуваме сите да аплицираат, да понудат проекти и на тој начин да ги подобриме условите во општините. Набавката на нови авторбуси (во Скопје) можеби и не претставува проблем, но во Македонија има и други градови кои што имаат потреба од автобуси и не е само градот Скопје. Ние очекувавме од госпоѓата Арсовска да слушнеме план, очекувавме на координација на советничките групи да слушнеме план, рековме дека безусловно ќе ги поддржиме програмите, и ги поддржавме. Денеска да почнеме процес за набавка на автобуси само за Скопје, претпоставувам дека успешно ќе биде завршен и автобусите ќе бидат испорачани за следната учебна година, рече премиерот.
Мицкоски посочи дека се на располагање да слушнат и да го поддржат тој план, и ако е планот гласање за кредит за да се набават автобуси што ќе стигнат догодина, како што рече, тоа не е решение за проблемот што го имаат скопјани.
- Проблемот се решава со мобилизација на компанијата Јавно сообраќајно претпријатие, со вистинско и наменско трошење на средствата кои скопјани преку субвенција ги даваат на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, и на тој начин проблемот се решава инстант и брзо, но тоа неможе да го стори владата, истакна меѓу другото премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски одговори и за ситуацијата со изградбата на катна гаража во непосредна близина на македонското Собрание, проблем кој, спред него ,треба да биде решен, а не запоставуван.
- Информиран сум дека е остварена комуникација од страна на кабинетот на спикерот со компанијата што треба да ја гради катната гаража. Во македонското Собрание во текот на следната недела ќе има средба каде што проблемот треба да биде надминат. Треба да знаеме дека компанијата ги има испочитувано сите услови согласно закон, и ние неможеме да ја оштетиме компанијата затоа што некој некогаш не бил разумен и направил нешто што може да ја загрози безбедноста на македонското собрание. Проблемот ние треба да го решаваме и нема да седиме настрана. Тоа што некој се однесувал незрело, ние сега траба да решаваме, а со цел да нема оштетени и притоа да се зачува безбедноста на македонското Собрание, а компанијата согласно закон да се обесштети. Вистинската дреса за овој проблем е Собранието и од таму очекуваме конкретни информации, нагласи претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски.
Ново на Сител
-
Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
-
Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година
-
Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите
-
Во Скопје е пронајдена малолетничката за која беше пријавено дека била одземена од Охрид
-
Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми
-
Приведени три лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Приведен 36 годишник, возел со 252 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Приведена 22 годишна прилепчанка, при претрес на нејзиниот дом најдена е дрога