Мицкоски: Нема никогаш да видите лице, ниту, пак, да слушнете и прочитате име на пациент кој сум го посетил, не го правам тоа за П.Р.

И вчера и денеска посетив пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани и ги запазив сите протоколи кои ми беа побарани од страна на медицинскиот персонал и докторите. Не го правам тоа заради П.Р., туку за да излезам пред медиумите и да зборувам отворено за се она со што се соочуваме во овие моменти, порача премиерот Христијан Мицкоски.
- И во текот на вчерашниот и во текот на денешниот ден нема никогаш да видите лице, ниту, пак, да слушнете и прочитате име на пациент кој сум го посетил. Има и такви кои влегуваа со камери и слично, но јас ни вечера ни денеска никаде не влегов со камера, ниту имам намера да правам П.Р. од сето ова. Има само фотографии во тил и никаде нема лице на ниту еден пациент. Мојата цел при овие посети е за да излезам пред вас, да не се кријам и да зборувам отворено за се она со кое се соочуваме и сето она кое го постапуваме, рече Мицкоски во одговор на прашање по денешната посета на повредените во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.
Ако тоа е проблем, а не мислам дека сите ваши колеги мислат така, посочи, тогаш подготвен сум да сносам одговорност.
-Мојата задача како прв човек на македонската Влада е преку вас медиумите да се обратам до граѓаните со пораки и ценам дека во овој момент тие пораки се важни за граѓаните и тоа е мојата цел. Не е мојата цел да правам никаков П.Р., не мора ништо да објавувате од ова што го зборувам, не мора да објавувате ни една слика, ниту еден статус, им порача Мицкоски на медиумите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
