Мицкоски: Нема да има ценовен шок за домаќинствата, Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата

Владата и понатаму ќе продолжи да ја субвенционира цената на електричната енергија, така што нема да има ценовен шок за домаќинствата. Тоа денеска го посочи премиерот Христијан Мицкоски во врска со најавеното покачување на цената на струјата.
Одговарајќи на прашање на новинарите, Мицкоски истакна дека регулаторот одлучува за висината на цената на електричната енергија. Дали струјата ќе поскапи или ќе поевтини, одредува регулаторот откако ќе ја добие цената што ја утврдува снабдувачот, на неа додадени трошоците на дистрбутерот, на пренос-операторот и конечно трошоците за оганизирање на пазарот на електрична енергија, појасни премиерот.
- Иако претходно како Влада бевме критикувани, и во Извештајот на ЕУ, но и од дел од јавноста дека не спроведуваме еден од чекорите кои се дел од планот за раст, а тоа е либерализација на пазарот на електрична енергија за домаќинствста, јасно кажавме дека тој чекор нема да го применеме, бидејќи ако го примениме цената на електричната енергија нема да биде 63,65 евра туку сто евра за мегават-час. Тогаш вкупната цена на електричната енергија за домаќинствата ќе поскапи за фантастични 50 проценти, рече Мицкоски.
Тој нагласи дека Владата со сиот политички ризик ќе продолжи да ја сувенционира цената на електричната енергија за да се заштити стандардот на граѓаните.
- „ЕВН хоум“ е снабдувачот за 2026 година, а „ЕСМ“ согласно политиките на Владата ги достави вкупните количини што се бараат, согласно јавната набавка. Која ќе биде крајната цена одредува регулаторот. „АД ЕСМ“ поднесе целна цена од 65 евра за мегават-час, што е три евра или околу четири проценти повеќе, но никако над сто евра колку што е пазарната цена, појасни Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
-

Идните амбасадори во Украина, Данска и Албанија ги презентираа приоритетите пред пратениците
-

Владата ги информира НАТО и ЕУ за студентските протести, СДСМ со контраобвинувања
-

Наместо расправа за заштита на жените од семејно насилство, во фокус законот за употреба на јазиците
-

ДЗР: Скринингот не е ефикасен - многу пациентки доцна дознаваат дека имаат рак
-

Забранета водата за пиење во осум охридски села
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
