Мицкоски: Не го познавам лично Савевски, но би можел да биде одличен државен јавен обвинител

Ги анализиравме сите кандидати, ги анализиравме нивните биографии, воедно и заклучоците од Советот на јавни обвинители, и како Влада, во една конструктивна дебата, донесовме заклучок дека Ненад Савевски може да биде соодветно решение за нов државен јавен обвинител, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарско прашање зошто Владата одлучила Савевски да биде нејзин избор за државен јавен обвинител, Мицкоски рече дека, според биографијата и распрашувањето. било оценето дека овој кандидат би можел да биде добар, па и одличен нов државен јавен обвинител.
- Јас лично не го познавам Ненад Савевски, но од она што можев да го видам од неговата биографија, но и од распрашувањето, цениме дека би можел да биде добар, односно, да не речам, одличен нов државен јавен обвинител, истакна премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
