Мицкоски: Не гледам причина за натамошно учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека не гледа причина за натамошно учество на пратениците од партијата што ја предводи во Парламентот поради отстапувањето од политичкиот договор денеска да биде распуштено Собранието.
-Навистина не ја гледам повеќе потребата од учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Во текот на денов ќе имаме Извршен комитет, ќе разговараме на оваа тема и јавноста ќе биде навреме информирана за следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Мицкоски на новинарско прашање што ќе преземат со огледе дека не е прифатено нивното барање законодавниот дом да се распушти денеска.
Мицкоски порача дека не треба да се отстапува од постигнатиот политички договор за термините за распуштање на Собранието и за избори.
Во однос на предлогот од премиерот Оливер Спасовски за разрешување на министерката за труд Мизрахи, кадар делегиран од ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада, апелира на разум и достоинство. Смета дека тоа се политички маневри и предупредува дека може да ја однесат државата во тешко политичко сценарио.
-Свесни се дека губат, ја разбирам нивната нервоза, знаат дека следи одговорност по 12 април. Нема потреба од ваква нервоза бидејќи граѓаните се тие кои на крајот од денот сите овие политички гимнастики што се обидуваат овие сценаристи да ги креираат негативно и влијаат. Апелирам до Спасовски да се воздржи од какви било политички маневри и слугувања на политиките на СДСМ, да го гледа државниот интерес и свесно да не ја тера државата во едно тешко политичко сценарио, рече Мицкоски при посетата на МАСИТ.
Прашан дали токму предлогот за разрешување на Мизрахи ќе го одолговлечи распуштањето на Собранието, Мицкоски кажа дека ќе биде чесно денеска парламентарно мнозиснтво да се охрабри, да се собере и да се распушти Собранието како што е договорено.
– Не е добро, ниту за државата, вака по пат на насилство да се туркаат работите. Политички договор постои и тој треба да се почитува. Имаме 60 дена до денот на гласање, колку толку барем да имаме елементарни услови за пристоен изборен ден на12 април. рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
АХВ: Вонредни контроли во Крива Паланка, уништена небезбедна храна и изречени казни
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир
-
Лишен од слобода 24 годишник од Кочани за издржување казна затвор од 7 години
-
Приведен бегалец од затвор
-
Тетовец со „тигуан“ шверцувал пиротехнички средства на Јажинце | ФОТО
-
Кражба на струја во Кавадарци
-
ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сѐ уште активен