Мицкоски: Напуштање на скалесто оданочување е на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ и е добро што се случува посебно во период на криза
Напуштањето на скалестото оданочување беше барање на ВМРО-ДПМНЕ кое по голем притисок од јавноста Владата го прифати. Законот е доставен од Владата во собраниска процедура и тој помина во Комисијата за финансирање и буџет која ја води пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Свети Николе.
Според него тоа е добро посебно затоа што се случува во време на криза.
„И тоа е добро што барем во овие моменти на криза ќе имаме некаква предвидливост за да може бизнисот полесно да функционира, за да можат граѓаните да ги зачуваат работните места. И тоа е добра вест која се случи на предлог и барање на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека се случи уште една измена, а тоа е одложување на данокот или со кој требаше да се оданочуваат капиталните добивки преку издавање на недвижнини, потоа банкарски депозити.
„Тоа повторно е олеснување и за бизнисот и нешто кое беше повторно на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ“, посочи Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк, разговаравме и за правосудниот испит
-

Клековски на 12. турски медицински светски конгрес: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори
-

Мерки претпазливост за приведените за милионски проневери во ФЗОМ
-

Раст на прометот со храна и горива, пад кај непрехранбените производи во септември
-

Од утре врнежи од дожд, локално пообилни
-

Четворица загинати во падот на хеликоптерот на ЕУФОР, двајца повредени во Тузла, девет во Брчко
-

Танкер во Ормуската Теснина е погоден од чамец со експлозив
-

„112 не е број за секојдневни проблеми“ - ЦУК со апел: Не ја блокирајте линијата, нечиј живот може да зависи од повикот
