Мицкоски најавува инвестиции во РЕК Битола
Она што се случува со енергетиката во Европа и светот е сериозен проблем, кој ќе го имаме како проблем и следната година, рече Мицкоски денеска во Битола коментирајќи ја состојбата во земјава. За ова како проблем и во ЕУ, во Љубљана разговарал со Урсула фон дер Лајен, но разликата е што таму има стратегија, рече Мицкоски.
-Кај нас нема стратегија, односно стратегијата е граѓаните да дадат 20 милиони евра, на тој начин да се донесе јаглен од Косово и тој јаглен да се гори во Битола. Претпоставувам чии камиони ќе го транспортираат тој јаглен. Станува збор за 400 до 500 камиони на ден или секој ден. Мислам дека тоа е план на кој повторно ќе се заработи. Ако власта го гледа РЕК битола како алатка за богатење и крадење, ние го гледаме како една од основите на кои се темели нашата државност. Нема да дозволиме туку така да се збогуваме од РЕК Битола, напротив ќе вложуваме во неговиот работен век, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
По однос на барањето кое го поднесоа ВМРО ДПМНЕ за итна седница за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и на заменикот Илир Хасани, Мицкоски вели дека не очекува да биде свикана итна седница затоа што на тој начин ќе треба да биде лоцирана вината.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
