Мицкоски: Над 720 милиони денари за инвестции во спортска инфраструктура
Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека само вториот повик што го објави Министерството за локална самоуправа предвидува повеќе од половина милијарда денари за инвестиции во спортската инфраструктура во општините.
Вкупната инвестициска вредност на двата повика надминува 720 милиони денари, истакна Мицкоски и најави дека Владата ќе продолжи со ваква динамика да вложува во оваа сфера.
Свесни сме дека тоа можеби ќе има и политичка цена, но подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет, на долг рок, рече денеска премиеро
- Севкупно, на првиот и вториот повик беа околу 35 - 36 објекти, а вкупната инвестициска вредност надминуваше 720 милиони денари. Ќе продолжиме во таа насока. Се завршуваат проектите што беа почнати па заборавени, како базените. Се што било почнато завршуваме, но ќе се заврши и она каде ќе констатираме дека треба да се интервенира и дел од овие проекти финансирани преку Владата, подвлече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања откако заедно со министерот за здравство Азир Алиу, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и директорот на Универзитетската клиника за урологија Башким Шабани пушти во употреба целосно реконструирано болничко одделение на Клиниката за урологија.
МИА
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска