Мицкоски на средби во Струга
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга, каде оствари средба со граѓаните, и партиските членови и симпатизери.
Мицкоски ги сподели ставовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат со актуелната ситуација која владее низ државата, а граѓаните се повеќе ја чуствуваат, лошата економска состојба, секојдневното вработување на партсики членови на СДСМ и роднини на нивните функционери.
Очигледно непотизмот како канцер се шири и преставува составен дел на Заевизмот, но вистинската хаварија е тоа што позади секој од тие 28 илјади ново вработени партиски луѓе, стои најмалку еден разочаран граѓанин и млад човек, кој учел, се борел низ животот, неговото семејство вложувало и се надевало. Сега кај секој еден од нив помислата е една, како може да ја напуштат државата затоа што со оваа власт тука иднина нема. Тоа е страшната последица на Заевизмот данокот кој го плаќа секој еден граѓанин, посочи Мицкоски.
Во текот на средбата Мицкоски, граѓаните ги запозна со идеите и кампањата на кандидатот за претседател на Република Македонија, г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова, со кој ќе го урне заевизмот, и црнилото кое ја ништи земјата секојдневно. Заевизам како појава што ја има зафатено целата држава според него со три збора и тоа се: кажува, заборава и негира.
Денеска честита енклава е канцеларијата на претседателот на Република Македонија, само тој не го промени својот назив, не ја промени таблата пред неговата канцеларија, не ја промени електронската пошта итн, рече Мицкоски.
Мицкоски исто така ги потсети граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ не му дадоа легиминитет на Преспанскиот договор.
А, за сиот криминал на СДСМ, и за сите нивни грабежи што ги прават, за притисоците, за уцените, за заканите, за сето тоа има закони. И ќе одговараат, кога ќе се промени реалната политичка ситуација во Македонија, од прв до последен, нагласи Мицкоски.
И на крај граѓаните ги потсети дека на 21-ви април народот треба да му го зададе на Заев првиот удар, а на следните предвремени параламентарни избори конечниот удар, со што ќе се стави крај на црнилото кое владее низ земјава.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во Скопје е пронајдена малолетничката за која беше пријавено дека била одземена од Охрид
-
Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми
-
Приведени три лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Приведен 36 годишник, возел со 252 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Приведена 22 годишна прилепчанка, при претрес на нејзиниот дом најдена е дрога
-
ЦУК: Активни пожари нема, под контрола тој во природниот резерват Јасен
-
Алиу: Воведовме нов електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството, со дигиталните решенија го отвораме системот пред јавноста
-
Сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, на ГП Табановце за излез се чека околу 10-15 минути