Мицкоски на средба со холандскиот амбасадор Коп
Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на Александар Николоски оствари средба со холандскиот амбасадор во Република Македонија, Дирк Јан Коп.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, како и за економската состојба и евроинтеграциските процеси на државата.
Претседателот Мицкоски ја истакна својата загриженост за состојбата на државата на економски план, катастрофалното справување на власта со енергетската криза и лошото менаџирање со здравствената криза.
Исто така на средбата двајцата соговорници разговараа и за евроитеграциските процеси на државата
Претседателот Мицкоски ја нагласи стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за полноправно членство на државата во Европската Унија, како и дека Македонија е предолго време во чекалната на Европската Унија и е потребно државата што поскоро да добие датум за преговори со унијата.
На средбата, претседателот Мицкоски додаде дека владата не спроведува никакви реформи во правосудството, а Македонија е лидер во Европа по степенот на криминал и корупција.
Исто така беа потенцирани и добрите билатерални односи меѓу двете земји, како и дека соработката треба да се продлабочи и негува во иднина.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
