Мицкоски: Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот
Македонските граѓани плаќаат најскапа струја споредено со граѓани на другите држави во регионот. Невистини се тврдењата на владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најевтина струја во Европа. Имено, според EUROSTAT, цената на струја која македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5€/MWh.
Според истиот EUROSTAT во првото полугодие од 2022 година, граѓаните во регионот плаќаат многу поефтина струја (слика 1) споредено со македонските граѓани:
Србија 58,9 €/MWh
БиХ 73,3 €/MWh
Турција 74,8 €/MWh
Косово 55,5 €/MWh
Црна Гора 79,2 €/MWh
Ветуваа живот, ефтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн…, а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа цена на струја по 69,5 €/MWh (слика 2) или за 22,5% помалку од цената на струјата која ја плаќале во првото полугодие од 2022 година.
Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана картели, корупција и криминал, економија во распад, понижувања и предавства за пусти пари.
Одговорност ќе има… доаѓа денот!
Фејсбук статус на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
-
Американски доктори бараат хлорокинот и ивермектинот да се купуваат без рецепт
-
Скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија уапсен во Тирана
-
Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети
-
Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра
-
Пред куќата на убиствата во Прилеп полицијата имала престрелка со убиецот