Македонија
15. July 2021 - 10:16

Мицкоски: Концептот на новите политики предвидува поевтина струја за сите граѓани во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вчеравечер на трибината „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во Гази Баба го презентираше концептот „Македонија за сите луѓе“ според кој се предвидува намалување на цената на електричната енергија која ја плаќаат граѓаните со зголемување на домашното производство на електрична енергија.

Мицкоски истакна дека прва меѓу бројните политики која е дел од концептот Македонија за сите луѓе е обезбедувањето на поевтина електрична енергија за сите домаќинства, која ќе се обезбеди со новата методологија, како и сериозни инвестициски циклуси во енергетиката со искористување на постоечките ресурси и градење и модернизирање на нови производни постојки.
-Ние во концептот Македонија за сите луѓе во нашите политики нема само да , туку ќе понудиме решенија, имаме јасна методологија како да го зголемиме производството на струја кое сега е некаде на 60% од тоа што беше во 2017 година, нашата методологија е модернизација и инвестирање во еколошки филтри и десулфуризација во двете најголеми производни постојки тоа е РЕК Битола и РЕК Осломеј и продолжување на нивниот животен век до 2040 година, нешто кое е спротивно на она кое го ветува СДСМ и Зоран Заев, рече Мицкоски.

Тој истакна дека колку повеќе ќе се произведува електрична енергија, со новата Методологија, модернизација и инвестирање во еколошки филтри, успешно ќе се добие поевтина електрична енергија за домаќинствата.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ