Мицкоски: Ќе ве слушам, посебно кога нема да се согласуваме
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од својот вчерашен говор, во кој истакна дека ќе го слуша македонскиот народ, особено кога нема да се согласува со неговите ставови.
„Имаме сојузи да обновиме, енергија да вратиме, насмевки и радост да предизвикаме, проекти, реформи, подобрувања да исполниме. Може ќе има заостанувања, ќе има и луѓе кои нема секогаш да се согласуваат со секоја одлука што ќе ја донесеме, знам дека нема да можеме да го решиме секој проблем, но јас, секогаш ќе бидам искрен со вас за предизвиците со кои се соочуваме. Ќе ве слушам, посебно кога нема да се согласуваме. И над сè, ќе ве поканам да ми се приклучите сите во процесот на обнова на нашата држава, со оваа нова генерација за новата иднина која сите ние заедно ќе ја создаваме“, напиша Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук.
Ново на Сител
-
30 години Сител со Драган Павловиќ Латас
-
30 години Сител со Ивона Талевска - Боја на парите
-
Мицкоски бара нонпејперот на ЕУ да важи за целиот процес на преговори
-
Не сакаме српско сценарио со Универзална сала
-
Има перфектни но и слаби директори на ЈЗУ
-
Новогодишната кошница порасна на над илјада производи, пазарните инспектори прават контроли
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР поднесе кривична против Ковачевски, Груби и Бајрами за Лотарија