Мицкоски ќе се обрати на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ во Нови Сад

Во Нови Сад попладне со свечена академија ќе бидат одбележани „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“.
На свечената академија ќе се обратат македонскиот премиер Христијан Мицкоски, претседателот на српската Влада Ѓуро Мацут, претседателката на покраинската влада на Војводина Маја Гојковиќ, како и претседателката на Национален совет на македонското национално малцинство во Србија Зорица Митровиќ.
На 25 мај премиерот на Србија Мацут во Белград разговараше со претседателката на Националниот совет на Македонското национално малцинство, Зорица Митровиќ, за подобрување на положбата на припадниците македонското малцинство. Како што соопштија од Владата на Србија во таа прилика тој изјавил дека Србија и Северна Македонија се братски и пријателски земји, ориентирани кон соработка, почитување и заеднички просперитет.
- Националните малцинства се вистинското богатство на оваа земја, на што сме горди - рекол Мацут и додал дека почитувањето на различноста и еднаквоста на сите граѓани е основа на здраво и прогресивно општество.
На средбата, на која присуствувал и амбасадорот на Република Северна Македонија во Србија, Никола Тупанчески, било разговарано за денешниот јубилеј што ќе се прослави во Нови Сад - 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
