Македонија
27. March 2024 - 12:23

Мицкоски: Ќе намалуваме даноци но прецизно ќе ги наплаќаме

Опозицискиот лидер вели дека ако дојде на власт неговата Влада нема да зголемува туку ќе ги намалува даноците. Тоа според него нема да донесе помалку пари во буџетот бидејќи истовремено, владата ќе се посвети на сузбивање на даночната евазија и нема да дозволи во одредени делови на Македонија да не се плаќаат даноци.