Мицкоски: Како ниедна држава во Европа интервениравме директно од буџетот со намалување на ДДВ на нафтата

Владата ја следи состојбата со цените на нафтата и доколку продолжи растот на берзите по истекот на двонеделната мерка за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 отсто, доколку продолжи растот следна мерка ќе биде намалување на акцизите и маржата, односно цената на складиштење и транспортните трошоци, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето нова трафостаница „ТС Централна“ во Скопје, тој нагласи дека Владата има мерка следните две недели, како ниту една држава во Европа, директно од буџетот намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти.
-Ќе ја следиме и понатаму состојбата и врз основа на тоа во периодот што следи ќе интервенираме, нагласи Мицкоски.
Во однос на податоците на Државниот завод за статистика за зголемувањето на платите во јануари и дали подобро се живее, тој нагласи дека секогаш треба повеќе и оти Владата се труди да има помали трошоци, а повисоки примања кај вработените.
-Апсолутно, секогаш радува податокот кога продолжува трендот на раст на платата вклучително и во јануари, она што го објави статистика. Дали е тоа доволно? Не, секогаш треба повеќе и ќе се трудиме како Влада да има што помали трошоци за живот, односно инфлација, а што повисоки примања кај вработените. Тоа претставува нашат цел како Влада и прв приоритет и така се однесувавме до сега. Така ќе се однесуваме и во иднина, изјави премиерот.
Прашан дали Владата ќе преземе мерки доколку има раст на цените кај храната, Мицкоски посочи дека 30 тима од Државниот пазарен инспкторат се на терен и доколку забележат непазарно однесување ќе делуваат.
-Триесет тима од Државниот пазарен инспекторат се на терен. И повторно тука од страна на опозицијата манипулираат дека различни типови маркети се посетуваат. Се гледаат сите трошоци и врз основа на тие трошоци носиме стратегија и политика. Нормално таму каде што ќе видиме дека постои непазарно однесување ќе делуваме како Влада, истакна Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
