Мицкоски: Јован Костадинов, херојот кој покажа што значи човечност
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со младиот Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 лице од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
- Денес се сретнав со Јован Костадинов, млад човек од Виница, кој во најтешкиот миг покажа што значи храброст, одговорност и човечност. Јован, со само 19 години, влезе во запалениот објект во Кочани и спаси 21 живот. Без размислување, со голема присебност и посветеност, тој направи нешто што малкумина би се осмелиле да го сторат, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Јован, како што посочува премиерот, не е само херој на оваа трагедија, тој е симбол на една нова генерација која знае да направи разлика.
- Од неговиот чин се учи како да се биде човек, како да се биде достоинствен и несебичен во моментот кога тоа најмногу значи, вели Мицкоски.
Премиерот ја сподели информацијата дека на Јован ќе биде доделена стипендија, како знак на признание за неговата храброст и човечност.
- Алкалоид, како општествено одговорна компанија, ја презеде оваа иницијатива и на тој начин покажа дека ги препознава и вреднува ваквите светли примери. Благодарност до сите што помагаат во овие тешки моменти за државата и народот, истакнува Мицкоски.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот